Бејли:Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии

03.05.2016 15:20

Со ова треба да ѝ помогнеме на Македонија, рече Бејли..

И натаму останувам во директна врска со политичките лидери во земјава за излез од кризата, изјави американскиот амбасадор Бејли, при посетата на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Со ова треба да ѝ помогнеме на Македонија, рече Бејли.

„Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии. Денеска сум овде да зборувам на друга тема, но секако ќе останеме во контакт, ќе се трудиме да и помогнеме на Македонија да излезе од оваа политичка криза. Ќе ве информираме за следните чекори што планираме да ги направиме“, изјави амбасадорот Бејли.

Амбасадорот на САД денеска одржа предавање на студентите од Правниот факултет во Штип.