Поднесен обвинителен акт против лекари за смртта на родилката во Гевгелија

03.05.2016 16:03

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело против здравјето на луѓето. Обвинителството ја запрело истражната постапка против четвртото осомничениот, кој во меѓувреме почина.

Велешкото обвинителство поднесе обвинение, за смртта на родилката и новороденчето во Гевгелија ќе одговараат двајцата гинеколози и анестезиолог.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело против здравјето на луѓето. Обвинителството ја запрело истражната постапка против четвртото осомничениот, кој во меѓувреме почина.

Според обвинението освен што биле направени медициски пропусти, обвинетиот анестезиолог и покојниот биле во алкохолизирана состојба.

Обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување.

Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.