САД и Русија разговараат за примирје во Алепо
03.05.2016 16:21
Разговорите за примирјето доаѓаат по ракетниот напад на бунтовничките групи врз болница во сирискиот град кој е под контрола на силите на режимот во кој загинаа најмалку 19 луѓе, а 80 се повредени.

САД и Русија разговараат за прекин на огнот во сирсикиот град Алепо во наредните часови-изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Разговорите за примирјето доаѓаат по ракетниот напад на бунтовничките групи врз болница во сирискиот град кој е под контрола на силите на режимот во кој загинаа најмалку 19 луѓе, а 80 се повредени.
Таму веќе десетина дена непрестано се водат жестоки борби. Сириската армија соопшти дека ќе одговори на нападот. Во изминатите десет дена во борбите загинаа најмалку 250 луѓе.
