МКГ: Политичката криза во Македонија се влошува
03.05.2016 16:52
Македонија во последниот извештај на оваа организација што се однесува на изминатиот месец, се најде во групата земји кои постојано се на раб на некаков конфликт...

„Политичката криза се влошува“ – оценува Меѓународната кризна група. Македонија во последниот извештај на оваа организација што се однесува на изминатиот месец, се најде во групата земји кои постојано се на раб на некаков конфликт.
Од Меѓународната криза група соопштуваат дека главна причина за ваквото рангирање се политичката криза која кулминираше со најавата за бојкот на изборите од опозицијата и со аболицијата од претседателот Иванов, како и откажувањето на разговорите во Виена.
