Расте бројот на добитокот, благо намалување во овчарството и живинарството
Расте бројот на добитокот. Благо намалување има само во овчарството и живинарството и тоа кај големите фарми. Според статистиката пак, лани најголем пораст на бројот на животните имало во свињарството, за скоро 53 проценти...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, вкупниот број на говеда е зголемен за 5 проценти и тоа кај индивидуалните земјоделски стопанства.
Бројот на свињите кај поголемите фарми е зголемен за 52, а кај индивидуалните земјоделци за 7,6 отсто.
Во двата сектора, кај индивидуалните земјоделци и компаниите има намалување на бројот на овците од 1 до 6 проценти.
За разлика од овците, бројноста на козите е зголемена од 8 кај малите фарми до 18 проценти кај стопанствата.
Бројот на живината во 2015 година, се намалил за 9,2 проценти.
Методија Трајков
