Германија назначи специјален посредник за кризата во Македонија

05.05.2016 10:48

За него е наведено дека ќе работи во координација со претставниците на Европската унија и на САД.

Германското министерство за надворешни работи на својот Твитер профил соопшти дека назначиле специјален пратеник за Македонија што ќе посредува  за решавање на политичката криза.

Се работи за актуелниот германски амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл. За него е наведено дека ќе работи во координација со претставниците на Европската унија и на САД.