На полноќ истекува рокот партиите да достават предлози за членови на избирачки одбори

05.05.2016 11:44

Обврската за тоа е во согласност со Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти следниот месец.

До ноќеска на полноќ политичките партии до oпштинските изборни комисии (ОИК)  треба да достават предлози за членови на избирачките одбори (ИО) и нивни заменици, заради формирање односно евентуално дополнување на ИО со нови членови и заменици.

Обврската за тоа е во согласност со Роковникот  на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти следниот месец.

Од ДИК информираат дека испратиле соопштение и оти се јавуваат во општинските изборни комисии за да им укажат дека денеска ќе треба да ги чекаат предлозите на политичките партии.