Анкета: Ефектот од странските инвестиции врз економијата е позитивен

05.05.2016 14:51

Во извештајот се вели дека јавноста нема јасно дефиниран став за тоа дали поволностите за страснките инвсетитори се оправдани, но повеќе од половината сметаат дека третманот на домашните и на странските треба да биде ист.

Повеќе од 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека ефектот од странските инвестиции врз македонската економија е позитивен, покажала анкетата што ја спроведе  Здружението на млади аналитичари и истражувачи.

Здружението го презентираше извештајот за влијанието на странските директни инветиции врз економскиот раст. Во извештајот се вели дека јавноста нема јасно дефиниран став за тоа дали поволностите за страснките инвсетитори се оправдани, но повеќе од половината сметаат дека третманот на домашните и на странските треба да биде ист.