Шест милиони евра за обнова на регионалниот пат Битола- Ресен- Буково
Мисајловски рече дека регионалниот пат се асфалтира и дека очекува првите седум километри да бидат завршени за месец до два и дел од патот од Битола кон Ресен да биде пуштен.

Градежните работи на регионалниот пат Битола – Ресен – Буково треба да финишираат до крајот на годинава. Инвестицијата изнесува 6 милиони евра – информираше министерот за транспорт, Владо Мисајловски. Ќе бидат реконструирани 27 километри.
Мисајловски рече дека регионалниот пат се асфалтира и дека очекува првите седум километри да бидат завршени за месец до два и дел од патот од Битола кон Ресен да биде пуштен.
Исто така, паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола со што ќе се исполнат моите очекувања до крајот на годината комплетни да бидат рехабилитирани и санирани овие 27 километри. Овој проект е многу значаен за двата града и е составен дел на нашата програма, посочи Мисајловски.
