Во српски камион откриени 29 мигранти

06.05.2016 13:23

Како што информира МВР, контролата е извршена на стариот пат Удово-Демир Капија, во близина на крстосницата за село Клисура. Четири од пронајдените мигранти се од Пакистан, а 25 од Авганистан.

При полициска контрола на товарно моторно возило „ивеко“ со српска национална ознака, управувано од Н.Т.(23) од Република Србија, вчера околу 7:30 часот се пронајдени 29 мигранти.

Како што информира МВР, контролата е извршена на стариот пат Удово-Демир Капија, во близина на крстосницата за село Клисура. Четири од пронајдените мигранти се од Пакистан, а 25 од Авганистан.

Лицата се приведени во полициската станица Неготино, а против српскиот државјанин е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „криумчарење мигранти“. Од страна на судија за претходна постапка, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.