Димитриев се сретна со европратеничката Петир
06.05.2016 14:15
Петир ја истакнала потребата на македонското членство во Унијата и потенцирала дека соработката на двете страни ќе продолжи и во идниот период на сите полиња од интерес ...

Европските интеграции, реформите и актуелните политички случувања биле тема на разговор на средбата на претседателот на владата за спроведување избори, Емил Димитриев и европратеничката, Маријана Петир.
Гостинката го повторила својот став дека граѓаните треба да одлучуваат на фер, кредибилни и демократски избори.
Петир ја истакнала потребата на македонското членство во Унијата и потенцирала дека соработката на двете страни ќе продолжи и во идниот период на сите полиња од интерес за реализација на реформите и стратешките цели на Република Македонија.
