Грчкиот парламент ги усвои спорните реформи за пензискиот и даночниот систем

09.05.2016 12:27

Пакетот, неопходен за добивање на новата помош од меѓународните киредитори на Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, беше усвоен со 153 гласа „за“ и 143 „против“.

Грчкиот парламент синоќа ги усвои спорните реформи на пензискиот и даночниот систем. Пакетот, неопходен за добивање на новата помош од меѓународните киредитори на Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, беше усвоен со 153 гласа „за“ и 143 „против“.

Реформите вклучуваат намалување на највисоките пензии, спојување на повеќе осигурителни фондови и зголемување на осигурителните давачки, како и на даноците, најмногу на лицата со средни и високи приходи.