Могерини: ЕУ се соочува со егзистенцијална закана
09.05.2016 13:11
Таа наведе дека првпат во својата историја, ЕУ се соочува со егзистенцијална закана, но дека не станува збор за тероризамот и за миграциите...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, во видео порака по повод Денот на Европа, вели дека постојат многу причини, овој ден и натаму да се одбележува.
Таа наведе дека првпат во својата историја, ЕУ се соочува со егзистенцијална закана, но дека не станува збор за тероризамот и за миграциите, бидејќи, како што кажа, ЕУ има средства да ја спречи радикализацијата и може да го совлада приливот на мигранти, и да изгради силни партнерства со земјите во регионот и пошироко.
