Воздухопловната бригада со нов командант

09.05.2016 13:24

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.

Воздухопловната бригада на АРМ доби нов командант. Полковникот Роберт Малезански го наследи досегашниот прв човек на единицата, полковникот Колевски, кој од 2008-ма беше на чело на единицата.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.

Воздухопловната бригада е формирана на 10-ти април 1992 година со одлука на претседателот на државата.