Курц: ЕУ донесе мир во Европа

09.05.2016 13:31

Тој нагласи дека за младите во ЕУ, мирот е нешто што се подразбира, и укажа на другите достигнувања кои се клучни и разумни, наведувајќи ги слободата на патувањето и работата во Унијата.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по повод Денот на Европа, истакна дека тоа што Европа станала континент на мирот, е големо достигнување на ЕУ.

Тој нагласи дека за младите во ЕУ, мирот е нешто што се подразбира, и укажа на другите достигнувања кои се клучни и разумни, наведувајќи ги слободата на патувањето и работата во Унијата.

Исто така, наведе и дека ЕУ се наоѓа пред два големи предизвика, бегалската криза и  претстојниот референдум во Велика Британија.

Порача дека е неопходно постојано да се работи на тоа ЕУ да биде подобра и да се развива.