Отворен Центар за логистика на Црвениот крст

09.05.2016 14:09

Центарот за логистика беше реконструиран за рекордни 105 дена и целосно ќе одговара на потребите на нашата институција, рече директорот на Црвениот крст на РМ, Саит Саити.

Отворен Центар за логистика на Црвениот крст во Момин Поток – Скопје. Целта на Центарот е  зајакнување и унапредување на  капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатловост во земјата, но и пошироко.

Центарот за логистика беше реконструиран за рекордни 105 дена и целосно ќе одговара на потребите на нашата институција, рече директорот на Црвениот крст на РМ, Саит Саити.

Саити информира дека Центарот за логистика е изграден со помош на Меѓународниот црвен крст, Црвениот крст на Германија, Шпаркасе банка и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.