Една година од настаните во кумановската „Дива населба“

09.05.2016 14:26

За настаните во „Дива населба“, во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација“ и „тероризам“. Сите 29 обвинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Денеска се навршува една година од немилите настани во кумановската населба „Тоде Мендол“. Лани на деветти и десетти мај во речиси непрекината 28 часовна антитерористичка операција, животот го загубија осум припадници на МВР, а четиесеттина беа ранети.

За настаните во „Дива населба“, во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација“ и „тероризам“. Сите 29 обвинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинителството досега повика околу 40 заштитени сведоци, а сведочеа и неколку жители на „Дива населба“, како и роднини на обвинетите.