Четири лица нападнати со нож во Минхен
10.05.2016 11:00
Напаѓачоте уапсен, а според првичните информации се работи за германски државјанин. Полицијата ги истражува мотивите и можната поврзаност со Исламска држава.

Четири лица се повредени со убоди од нож во железничка станица источно од Минхен. Една од жртвте е во животна опасност.
Напаѓачот е уапсен, а според првичните информации се работи за германски државјанин. Полицијата ги истражува мотивите и можната поврзаност со Исламска држава.
Според некои очевидци, напаѓачот пред нападот ги извикал зборовите „Алах е голем“.
