Одложено судењето за случајот „Диво насеље“
11.05.2016 11:48
Нов термин за оддржување на судењето е 19-ти мај...

Судењето во јавноста познато како „Диво насеље“ се одложи бидејќи Основниот суд нема просторни услови за оддржување на рочиштата.
Откако по барање на обвинителството процесот против групата обвинета за тероризам се спои со процесот против обвинетите за нивна логистика, бројот на обвинети и нивни бранители драстично се зголеми, што создаде проблем за одржување на судењата.
Нов термин за оддржување на судењето е 19-ти мај, до кога кривичниот суд треба да обезбеди судница.
