Промовиран третиот нацрт план за Отворено владино партнерство 2016-2018
Обврските за транспрентност во вршење на владините активности, како и вклучувањето на невладините организации, остануваат високи приоритети во агендата на Владата на РМ.

Од 2011-та Македонија е дел од отворено владино партнерство- дијалог со граѓанските организации, промовирано во рамките на ОН. 68 земји членки на оваа инцијатива имаат обврска на две години да прават акциски планови со кои ќе ги утврдат мерките и активностите со кои ќе придонесат до отворено, потранспартено општество, користење на современи технологии за подобра соработка помѓеу граѓанското општество и владите. Ова е трет акциски план што го изготви Македонија.
Обврските за транспрентност во вршење на владините активности, како и вклучувањето на невладините организации, остануваат високи приоритети во агендата на Владата на РМ. Тоа го покажува и праксата остварена со соработката на Владата и на невладините организации во градење на акциските планови за отворено владино партнерство, рече министерката Марта Арсовска-Томовска, дополнувајќи дека соработката воедно е потврда дека креативната енергија на граѓанскиот сектор е активно искористена за подобрување и негување на културата на вклученост и почитување на правата на сите граѓани во креирање политики, носење одлуки и закони, како и пристап до информации.
Предлог мерките во Нацрт акцискиот план се поврзани со општествените развојни цели содржани во агендата за одржлив развој, а особено со целта 16 „Промовирање на праведни, мерни и инклузивни општества“.
