ДУИ нема да достави пратенички листи до ДИК
Од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште нема официјален став. Од СДСМ, пак, се децидни дека нема да учествуваат на изборите и дека партијата нема да поднесе кандидатски листи.

Вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да достави предлог листа, потврди за МТВ портпаролот на партијата Бујар Османи.
Од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште нема официјален став. Од СДСМ, пак, се децидни дека нема да учествуваат на изборите и дека партијата нема да поднесе кандидатски листи.
Пратенички листи најави Народното движење на Македонија на Јанко Бачев.
Државната изборна комисија има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена до утврдениот рок и дали е составена во согласност со Изборниот законик.
