Биро за судски вештачења: Демонстрантите направиле штета од 529.080 денари

12.05.2016 13:11

За да се доведе канцеларијата во првобитната форма, се потребни малку повеќе од 232 илјади денари, утврдило вештачењето, додека штетата на исчезнатиот инвентар се проценува на речиси 290 илјади денари.

Бирото за судски вештачења утврдило дека штетата од демолирањето на Народната канцеларија на претседателот изнесува 529.080 денари.

За да се доведе канцеларијата во првобитната форма, се потребни малку повеќе од 232 илјади денари, утврдило вештачењето, додека штетата на исчезнатиот инвентар се проценува на речиси 290 илјади денари.

Обвинетите демонстранти во наредните денови ќе го разгледаат извештајот, по што ќе подготват одбрана. Ново судење е закажано за 20-ти мај.