Лагард: 2% од глобалниот БДП се користи за мито
12.05.2016 13:44
Според Лагард, лани за мито во глобални рамки биле употребени меѓу 1,5 и два билиона долари.

Околу два процента од глобалниот бруто домашен производ се користи за мито, наведува директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристан Лагард во својот есеј, со наслов „Отворено за корупцијата“.
Според Лагард, лани за мито во глобални рамки биле употребени меѓу 1,5 и два билиона долари. Корупцијата, вклучително и митото, се проблем што се јавува во земјите во развој, но исто така и во развиените држави, истакнува Лагард во есејот, што денеска го објави прес-службата на ММФ, во пресрет на меѓународната средба за борба против корупцијата што ќе се одржи утре во Лондон.
