„Мој термин“: Зголемен бројот на термини и на прегледи
Се намалува времето на чекање за пациентите, велат надлежните. Се отвораат термини онаму каде тоа е најбарано и најпотребно.

За 16 проценти е зголемен бројот на прегледи во здравствените установи споредбено со истиот период лани- покажуваат податоците од системот „Мој термин“.
Се намалува времето на чекање за пациентите, велат надлежните. Се отвораат термини онаму каде тоа е најбарано и најпотребно.
„Се отвораат поголем број термини онаму каде тоа е најбарано и најпотребно. За сите овие здравствени услуги, потенцира, термините се зголемиле за 50 или повеќе проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова е многу значајно за пациентите имајќи предвид дека станува збор за прегледи кои се релативно чести, така што на овој начин овозможуваат граѓаните побрзо да закажат определен преглед“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.
Зголемување има и на термините во специјалностите: радиотерапија, рендген снимање, компјутерска томографија, хематологија, пулмологија.
