Да се внимава на негувањето на македонскиот јазик

12.05.2016 16:08

Отворен деветтиот дводневен научен собир на млади македонисти - конференција во чест на Лилјана Минова-Ѓуркова. Професорите од Филолошки факултет „Блаже Конески“ велат дека овој собир е многу значаен за самиот факултет и воопшто за македонистите, бидејќи го покажува напредокот на младите.

Развојот на техологијата ги поддржува интернационализмите, мора да се внимава на негувањето на македонскиот јазик- ова се впечатокот и пораката на студенти од Филолошкиот факултет. Велат, семејството ја има главната улога во формирањето на литературното изразување.

Според професорите, потребно е постојано да се наоѓа начин за да се доближи јазикот до младите. Големи проблеми во модерното време создаваат интернет страниците и Фејсбукот.

Освен изнаоѓање начини за спречување на лошото влијание врз јазикот, треба да се направи и нешто повеќе за да се подигне нивото на употребата на стандардниот македонски јазик.

Професорите велат дека образовните институции остануваат база, но културните настани како што се поетските читања и театарските претстави се дополнителни начини преку кои младите можат да дојдат до чистината на стандарнатата форма на македонскиот јазик.

Ана Јосифоска- Тодоровска