Хојт Ји на средби со лидерската четворка

18.05.2016 12:56

Заменикот на Викторија Нуланд, во Скопје доаѓа вторпат за три месеци. Во почетокот на март, на неговите средби со македонските политичари се разговараше за спроведувањето на договорот од јуни и јули, и за подготовките за спроведување на изборите.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, пристигна во Македонија. Според агендата, остварена средба со лидерот на СДСМ, Заев. Брајан Ји ќе разговара и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА, Груевски, Ахмети и Тачи.

Заменикот на Викторија Нуланд, во Скопје доаѓа вторпат за три месеци. Во почетокот на март, на неговите средби со македонските политичари се разговараше за спроведувањето на договорот од јуни и јули, и за подготовките за спроведување на изборите.

До крајот на неделава е најавена и посета на специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, втора за краток период.

По средбата со лидерите на четирите политички партии и со амбасадорите на ЕУ и САД, изјави дека дошол да се запознае со ситуацијата и првенствено да ги слушне нивните ставови.