РСБСП го осудува уништувањето на сообраќајната сигнализација

18.05.2016 13:03

Уништувањето на патната сигнализација не може да има никакво оправдување и тоа всушност претставува непочитување на животот, здравјето и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најостро го осудуваат чинот на уништување на сообраќајната сигнализација. На тој начин директно се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Апелираме до надлежните институции веднаш да превземаат мерки за поставување на сообраќајната сигнализација согласно сообраќајните правила и прописи. Исто така апелираме до они кои што тоа го прват да покажат чувство на одговорност и свесност затоа што граѓаните на Р. Македонија тоа може да го платат со својот живот, кој патем може да биде нечие дете, нечиј родител, брат или сестра, изјави денеска Ристо Манчев, секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тој потенцираше дека уништувањето на патната сигнализација не може да има никакво оправдување и тоа всушност претставува непочитување на животот, здравјето и безбедноста на учесниците во сообраќајот.