Јоханес Хајндл на средби во Скопје
19.05.2016 14:52
До крајот на денот, Хајндл ќе разговара и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со лидерите на партиите- потписници на Договорот од Пржино.

Специјалниот германски партеник и амбасадор, Јоханес Хајндл повторно во Скопје. Во моментот е на средба со претседателот Ѓорге Иванов во Вила Водно. До крајот на денот, Хајндл ќе разговара и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со лидерите на партиите- потписници на Договорот од Пржино.
Германскиот дипломат имаше серија разговори со лидерската четворка и со амбасадорите во земјава минатата недела. Тогаш рече дека не дошол да понуди решение, туку да ги слушне нивните идеи за излез од политичката криза во земјава.
