Заев: Целосно повлекување на одлуката за аболиција, не парцијално
19.05.2016 15:07
Единствен излез од политичката криза, според лидерот на СДСМ, се брзи, регуларни и фер избори...

СДСМ не учествува на денешната собраниска седница. Бара целосно повлекување на одлуката за аболиција, а не парцијално, како што рече Заев, согласно со предлозите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ.
Единствен излез од политичката криза, според него, се брзи, регуларни и фер избори. Не сакаше да прецизира датуми, рече дека за тоа се потребни минимум услови, пречистен избирачки список, во кој ќе веруваат сите, и реформи во медиумската сфера.
