Сноуден: НСА собира податоци преку „Angry birds“
Владата на САД преку својата национална агенција НСА ги употребувала личните податоци на корисниците на...

Владата на САД преку својата национална агенција НСА ги употребувала личните податоци на корисниците на паметни телефони кои користат мобилни апликации, тврди Едвард Сноуден.
„Њујорк тајмс“ објави документи кои покажуваат дека НСА заедно со Британскиот владин центар за комуникации влегувале во податоците на познатите апликации за паметни телефони, како „Angry birds“ и од таму земале лични податоци за корисниците. Имено, нив на располагање им биле локацијата, брачниот статус, политичката определеност, етничката припадност и степенот на образование на корисниците.
Уште не е јасно до која мера биле користени податоците од мобилните апликации, а НСА, пак на овие обвинувања соопшти дека не ги шпионира обичните граѓани.
Според последните тврдења, Едвард Сноуден ги обвинува САД и за индустриска шпионажа, бидејќи преку НСА шпионирале големи мултинационални комапнии кои се конкуренти на американските фирми.