Продолжува штрајкот на судската администрација
Судската администрација и денеска е во штрајк. Бара зголемување на додатоците на платата. Синдикатот на УПОЗ најави можност да поднесе кривична пријава против првиот човек на Кривичниот суд, бидејќи сметаат дека вршеле притисоци врз вработените, да не излезат на штрајк.

Штрајкот на вработените во судската администрација продолжува и ќе трае сѐ до исполнување на барањето за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти, изјави денеска претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујовски.
По средбата со вработените од Кривичниот суд каде не се штрајкуваше, претседателот на УПОЗ Грујовски излезе со информација дека и тие ќе се приклучат на штрајкот. Најави можност за поднесување кривични пријави против претседателот и секретарот на судот и претседателот на синдикалната организација за оневозможување на штрајкот и за вршење притисок.
Се огласија од Скопска единица. Пртетседателот на судот, Панчевски, ги поздрави напорите на колегите – вработени во судовите за остварувње на нивните права. Но, во врска со наводни притисоци наведува дека како претседател на Кривичниот суд, учествува на тркалезна маса во Гевгелија, па затоа вели, нејасно е како може да врши притисок врз вработените кога воопшто не е во Скопје.
Од Кривичниот суд информираат дека од 400 вработени само околу 15 се членови на синдикатот на УПОЗ. Оттаму тврдат дека членовите на УПОЗ подолг период наназад, се заканувале на другите колеги од судот и вршеле притисоци да излезат на штрајк против нивна воља, за што веќе се земени изјави од вработените.
Фиљана Кока
