УКИМ одбележува 67 години од основањето

19.05.2016 15:40

Најстариот универзитет „Свети Крил и Методиј“, со молебен одбележа 67 години постоење. Во ова турбулентно време, УКИМ покажа дека со гордост го носи името на светите просветители- оцени ректорот на универзитетот. Почесната награда годинава му беше доделена на претседателот на Стопанската комора, Азески...

Најстариот македонски универзитет „Свети Кирил и Методиј“ непречено чекори кон зацртаните цели, продолжува да биде најдобар во развојот на образованието и во описменувањето на новите генерации. На годишнината од фомирањето на најстариот скопски универзитет, ректорот со оценка- во ова турбулентно време, УКИМ покажа дека со гордост го носи името на светите просветители.

67- годишнината одбележана и со молебен. Македонија им се поклони на апостолите и чудотворците, просветителите и учителите, светите браќа Кирил и Методиј. Македонскиот јазик и култура, азбуката, црквите, манастирите- говорат за нивните дела.

За особениот придонес во образованието на младите, УКИМ почесната награда годинава му ја додели на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Наградата „Свети Кирил и Методиј“ отиде во рацете на професорот Маријан Гушев. Титулата почесен доктор на науките за Ирене Марта Ланг, познат кардиолог од Универзитетот во Виена и Ева Мари Хеј – Хокинс, врвен светски хемичар од Универзитетот од Лајпциг.

Пред споменикот на македонските просветители во универзитетскиот кампус, се поклонија ректорот, деканите, професорите и дипломатскиот кор.

 

Викторија Милевска