Земјоделство

Заладувањето доведе до успорување на вегетацијата

23.05.2016 14:15

Заладувањето кое ги врати температурите на просечното ниво за овој период, доведе до успорување на вегетацијата. Студеникавото време според земјоделците ќе го забави и текот на пролетната сеидба.

Врнежите во текот на овој месец ја подобрија влажноста на почвата која е добредојдена за есенските жита кои се во одлична состојба, но ја забавуваат  пролетната сеидба и развојот на расадот на тутун.

Штети предизвикани од ниските температури кај овошките има кај кајсиите, оревите и сливите.

Според агрометеорологот во Управата за хидрометеоролошки работи Ангелко Ангелески земјоделците треба да внимаваат и на развојот на болести и штетници поради влажноста на воздухот.

Сепак, агрономите засега сметаат дека состојбата е стабилна со доволно влага во почвата и умерени температури што ветуваат добри приноси на земјоделските култури.

Методија Трајков