Распит на осомничени за случајот „ТНТ“

23.05.2016 15:48

Осомничените беа на распит во судот и на 17 мај, но се одложи по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и во доказите.

Во скопскиот Кривичен суд распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, односно за рушењето на станбено- деловниот објект „Космос“.

Осомничените беа на распит во судот и на 17 мај, но се одложи по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и во доказите.

Според Специјалното јавно обвинителство, мотивот за уривањето на објектот бил политички.

Осомничени се градежниот инспектор на општина Гази Баба и тројца членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а Специјалното јавно обвинителство предложи мерки за обезбедување до кривичниот суд за сите осомничени.