Истекува мандатот на евроамбасадорот Орав
23.05.2016 17:07
Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.

Истекува мандатот на естонскиот дипломат, Авио Орав, како шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија.
Европската комисија информира дека налето ќе биде именуван нов амбасадор, а процесот на селекција е веќе во тек.
Како најсериозни кандидати во дел од медиумите се споменуваат словенецот Жбогар и британскиот амбасадор во земјава Гарет, но Гарет ја демантираше оваа информација.
