Франција блокирана од штрајкот против новиот закон за работни односи

26.05.2016 16:21

Франција има проблеми со снабдувањето со енергија, поточно со безнин и дизел гориво, по прекинот на работата на рафинериите и блокдата на депоата. Истовремено дојде и до преки на работата на работниците во нуклеарните централи и транспортот. Сите тие штрајкуваат против владините реформи на законите за работни односи...

Франција веќе неколку дена има проблеми со снабдувањето со енергија, поточно со безнин и дизел гориво, по прекинот на работата на рафинериите и блокдата на депоата. Истовремено дојде и до преки на работата на работниците во нуклеарните централи и транспортот. Сите тие штрајкуваат против владините реформи на законите за работни односи.

Синдикатот соопшти дека излезната можност денеска е падната за најмалку 5 гигавати при намалување на производството на нуклеарните реактори, откако членовите на синдикатот во нуклеарните централи гласаа да му се приклучат на штрајкот.

Владата вчера информираше дека ги употребила своите стратешки резерви, откако минатата недела со блокирањето на рафинериите се прекинаа снабдувањето со горива.

Синдикатите се против плановите на претседателот, Франсоа Оланд да ги промени законите за работни односи. Тоа значи да го намали надоместот за прекувремена работа и во некои случаи да биде полесно да се отпуштаат вработените.

Аеродромот „Орли“ во Париз ги намали летовите за 15 %, а штрајкот на машиновозачите се очекува и понатаму да ги наруши железничките услуги.

Премиерот на Франција, Мануел Влалс рече дека реформите можат да бидат „изменети“.

Инаку во сударот меѓу синдикатот СЖТ и француската влада, кој своите членови ги повикува на штрајкови во знак на протест на новиот закон за работни односи, барајќи негово повлекување или измена, настрада дневниот печат.

Имено генералниот секретар на СЖТ, Филип Мартинез побара од дневниот печат да објави негова колумнам во спротивно работниците во печатот и дистрибуцијата на печатот, кои се воглавно челнови на СЖТ, нема да ги отпечатат и дистрибуираат венсиците.

На притисокот на СЖТ, и на Филип Мартинез, кој францускиот печат го нарече„Господинот Ниет“, попушти само Хуманите, кој е весник близок до СЖТ, додека сите други дневни весници одбија и изутринава не се отпечатени, туку се наоѓаат на слободен пристап во ПДФ формат на веб страниците.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ