Одложено рочиштето за кумановските настани
27.05.2016 10:17
Пред две недели предметот „Молња“ за обвинетите за логистика на кумановската група од „Дива населба“, Кривичниот суд го спои со предметот „Дива Населба“.

Судското рочиште за случајот „Дива населба“ денеска повторно ќе биде одложено. Се очекува судот да ги соопшти причините.
Пред две недели предметот „Молња“ за обвинетите за логистика на кумановската група од „Дива населба“, Кривичниот суд го спои со предметот „Дива Населба“.
Сега има 37 обвинети. Како што најави судијката, единствениот процес ќе почне од почеток, со читање на обвинителниот акт и со произнесување на обвинетите за вина.
