Путин во официјална посета на Грција
Во интервју за грчки „Катимерини“, Путин истакна дека Русија, која е главен снабдувач на Грција со гас, се уште е заинтересирана за заживување на проектот за гасоводот Јужен тек.

Рускиот претседател Владимир Путин попладне пристигнува во дводневна официјална посета на Грција, каде што со грчкиот државен врв ќе разговаа за трговија, енергија и транспорт.
Се очекува да бидат потпишани декларации и договори за енергетика, туризам, технологија и наука. Во интервју за грчки „Катимерини“, Путин истакна дека Русија, која е главен снабдувач на Грција со гас, се уште е заинтересирана за заживување на проектот за гасоводот Јужен тек.
Ќе присуствува и на одбележувањето на 1.000 години присуство на руските монаси во православната монашка заедница на Света Гора. Рускиот претседател ќе си замине од Грција со специјален лет од солунскиот аеродром „Македонија“ в сабота вечер.
