МОН набави уште 20 интерактивни табли за училиштата

27.05.2016 13:00

Во изминатите години беа набавени 100, а годинава ќе се распределат 20 интерактивни табли во 20 училишта. Инвестицијата чини 3 милиони денари.

Министерството за образование и наука продолжува со набавката на интерактивни табли за потребите на училиштата. Во изминатите години беа набавени 100, а годинава ќе се распределат 20 интерактивни табли во 20 училишта. Инвестицијата чини 3 милиони денари.

Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува интерактивни табли во вредност од три милиони денари за потребите на училиштата. Во изминатите две години реализиравме набавка на 100 интерактивни табли за нов и современ пристап во изведувањето на наставата, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Проектот за опремување на училиштата со овој вид информатичко-комуникациска технологија Владата и МОН го почнаа пред две години со цел да се модернизираат условите за настава и да се развијат ИКТ-вештините на учениците.