Данелсон на средби со партиските лидери
Директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија jа скенира актуелната политичка ситуација во земјава. На агендата, средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од Пржино...

Директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија Кристијан Даниелсон е во Скопје. Ја скенира актуелната политичка ситуација во земјава. На агендата, средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од Пржино.
Вчеравечер разговарал со претседателот на СДСМ, Заев. Сѐ уште нема официјално соопштение од средбата.
По разговорите со Ахмети во седиштето на Европската унија во Скопје, од ДУИ велат, биле разменети ставовите за последните случувања и спроведувањето на договорот, а од нивниот лидер било нагласено дека ќе се посветат на реформите во согласност со евроатланските аспирации и очекувањата од Брисел и од Вашингтон.
На средбата со Даниелсон, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ груевски ги посочил заложбите на партијата за нормализирање на политичката ситуација и за евроинтегративните интеграции и реформската агенда, со акцент дека секое решение важно за иднината на државата, треба да биде базирано на волјата на граѓаните.
Во однос на изборите, бил пренесен ставот дека актуелната влада има легитимен мандат до 2018-та година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано, доколку опозицијата изрази подготвеност да излезе и да се соочи со граѓаните.
Директорот на Директоратот за проширување ќе има средба и со лидерот на ДПА, Тачи.
