На 31-ви мај ново рочиште за „Диво насеље“
27.05.2016 13:09
Претходно, судот реши оваа постапка да се спои со предметот „Молња“, каде обвинетите се товарат за логистика на кумановската група. Бројот на обвинети е 37- мина.

Повторно се одложи судското рочиште за кумановските настани. Од Кривичниот суд со образложение- судијаката што го води процесот била на боледување.
Рочиштето е закажано за 31-ви месецов. Претходно, судот реши оваа постапка да се спои со предметот „Молња“, каде обвинетите се товарат за логистика на кумановската група. Бројот на обвинети е 37- мина.
Процесот ќе почне од почеток, со читање на обвинителниот акт и со произнесување на обвинетите.
29-мина се обвинети за терористички напади, организирање и тероризам, 8-мина за помагање.
