Хојт Ји: Изборите најдоцна до 2017-та
САД и ЕУ, и натаму со соодветен притисок за исполнување на реформите, вели американскиот дипломат.

Избори најдоцна до 2017-та, на ова се надева официјален Вашингтон, доколку се создадат соодветни услови. Ова за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави Хојт Брајан Ји, помошник заменик државен секретар за Европа и Евроазија. САД и ЕУ, и натаму со соодветен притисок за исполнување на реформите, вели американскиот дипломат.
„Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок, да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија, без оглед дали тоа е како да се повлече аболицијата за официјални лица осомничени за корупција, како да се создаде подобра состојба за медиумите, преку усвојување закони за медиумски реформи, или тоа да биде преку почитување на работата на СЈО. Сметаме дека во тој процес може да го споделиме нашето искуство, идеи за овие институции и реформи навремено да функционираат. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017-та“, изјави Хојт Ји.
