Иднината на земјоделството е во воведувањето иновации

02.06.2016 10:23

Иднината на земјоделството е во воведување на иновации за поголемо и органско производство, посеви и добиток отпорни на болести, суша и климатски промени. Американски и странски иноватори од целиот свет на самитот за иновации во Вашингтон ги преземтираа своите пронајдоци за земјоделството.

Најнови еколошки начини за заштита на посевите од болести, иновации за наводнување, евтини трактори со џи-пи-ес и тестови за болести кај добиток што секој фармер може да си ги дозволи, ова се само дел од иновациите во земјоделството што беа претставени на самитот во Вашингтон.

„Ние користиме микроорганизми што живеаат во растенијата и ја зацврстуваат отпорноста на растенијата. Користиме микроорганизми врз семето, па кога ќе се развие растението тие се активираат и остануваат со него за време на растењето обезбедувајќи толеранција на суша, температура и почва. На крајот имате подобри приходи и осигурување во критичните сезони“, вели Рести Родригес, американски иноватор од Сиетл, Вашингтон, сопственик на компанијата „Адаптив технолоџис“.

„Хелоу тректорс продава паметни трактори со џи-пи-ес што се со ниска цена. Ние ги поврзуваме сопствениците на трактори со фармерите на коишто им треба услуга, нешто како такси Убер. Едноставно е. Фармерите испраќаат СМС порака со барање за одредена услуга од трактор користејќи кратни нумерички кодови, и ние го поврзуваме тоа барање со најблискиот паметен трактор на пазарот“, изјави Џеј Оливер, американски иноватор, сопственик на компанијата „Хелоу тректорс“ во Нигерија.

„Во основа имаме два вида на тестови, за двете најчести форми на зарази кај кравите што се пренесуваат преку комарци. Имаме тест од 45 минути што е најпопуларен и тест од две минути. Исто така создадовме и тест од една минута. Во основа што сакаме да постигнеме е да ги идентификуваме болестите предклинички, пред навистина да ги нападнат кравите и да влијаат на производството на млеко. Се обидуваме да им помогнеме на фармерите да ги излечат со што е можно помал трошок“, објаснува Џек Деп, американски иноватор од Њу Џерси.


Самитот ги поврза иноваторите и инвеститорите за технологии што ќе направат голем напредок во земјоделството, ќе ги направи малите фармери поконкурентни и ќе го зголеми нивното производство. Ова се и целите на Обединетите нации и американските власти за намалување на гладот во светот.

„Како што бараме нови идеи и можности за производство на храна, мораме да го одржуваме моментот фокусирајќи се на три работи. Прво, да стигнеме до повеќе луѓе, да ги поврземе за да заемно си помогнат и ги интегрираме“, изјави Гејл Смит, администратор на УСАИД.

„Енергијата е директно и индиректно поврзана со производството. Земјоделството и преработката на храна користат една третина од производството на енергија во светот. Најмногу од фосилни горива што го зголемува нивото на штетни гасови и климатски промени. Истовремено земјоделството е главен извор на заработувачка во рурарните места и можност за вработување, што треба да се подобри“, вели Бјорн Лирвал-амбасадор на Кралството Шведска во САД.


Иднината на земјоделството е во воведување на иновации за поголемо и органско производство, посеви и добиток отпорни на болести, суша и климатски промени.

Самитот на иновации во земјоделството се одржал во Амстердам, а сега за првпат и во главниот американски град.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ