Почна со работа Комисијата за импичмент на претседателот Иванов
02.06.2016 13:04
СДСМ побара да се повика Иванов на седницата и да ја образложи одлуката, на што возврати претседателот на комисијата Илиоски. Според деловникот, Комисијата нема право да го повикува шефот на државата.

Во Собранието почна седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поради одлуката за аболиција.
СДСМ побара да се повика Иванов на седницата и да ја образложи одлуката, на што возврати претседателот на комисијата Илиоски. Според деловникот, Комисијата нема право да го повикува шефот на државата.
Инаку, кКомисијата има рок од 7 дена да подготви финален извештај, што потоа треба да се достави до Собранието.
