Вечер второ полуфинале на „Макфест“

03.06.2016 11:30

Со настапот на 7 странски изведувачи, годинава се враќа интернационалниот карактер на фестивалот. Според новите пропозиции, кај учесниците од Европа и од регионот нема да има ограничувања на јазикот на кој ќе се интерпретира песната.

Вечер е второто полуфинале на 31-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Со настапот на 7 странски изведувачи, годинава се враќа интернационалниот карактер на фестивалот. Според новите пропозиции, кај учесниците од Европа и од регионот нема да има ограничувања на јазикот на кој ќе се интерпретира песната.

Гласањето е поделено во три сегменти. За најдобрите песни на фестивалот ќе гласаат стручно жири, публиката преку телефонското гласање и самите изведувачи кои ќе можат да гласаат за три композиции од своите колеги.

Финалната вечер е утре, со директен пренос на Македонската телевизија.