Меѓународна конференција „Спортот и неговото значење во образовниот процес“
Факултетот за физичка култура е домаќин на втора Меѓународна научна конфренција. Спортските работници и надлежните се согласни дека е потребна поголема афирмација на спортот во земјава, ставија акцент на изградбата на новите спортски објекти, зголемувањето на часовите по физичко образование за ученциите, стипендиите за најдобрите спортисти...

Значењето на спортот и неговата улога, тема на втората Меѓународна научна конференција организирана од Факултетот за физичка култура. Професори и странски експерти разменија мислења како земјава да добие нови спортски надежи. Македонија е на добар пат, смета деканот Живковиќ. Вели- студентите имаат огромен потенцијал и талент, а резултати ќе има наскоро.
Од надлежната Агенција велат- се подобрија условите за спортување со изградбата на салите, игралиштата, тениските терени, а наставниците добија можност за усовршување, се отвори и Спортска академија.
За да се поттикне учеството на младите во спортот, во училиштата се зголемија часови по физичко образование, се организираат државни натпевари, се доделуваат стипендии за најдобрите ученици, работи и Институт за спорт.
На Меѓународната конференција, учесниците се осврнаа и на педагошките аспекти на физичкото образование, модерните болести од аспект на спортот и на превенцијата на повреди.
Викторија Милевска
