Затвор и условна за браќата што пукаа во лекар на Дигестивна хирургија

03.06.2016 16:42

Браќата пред Судечкиот совет го признале делото и му се извиниле на докторот.

Пет и пол години затвор му одреди судот на Имер Никшиќ кој пукаше во доктор од Дигестивна хирургија. Се товари за три кривични дела: обид за убиство, неовластено држање оружје и насилство.

Неговиот брат Абдула пак доби 2 години условна казна, која не ма да се реализира доколку во наредните 5 години не стори кривично дело. Обвинет е за напад на службено лице и насилство.

Браќата пред Судечкиот совет го признале делото и му се извиниле на докторот.