Се очекува рекорден род на пченицата
Земјоделците и агрономите со заедничка оценка дека приносите на пченицата годинава се очекува да бидат повеќе од просечните. Причините се поголемиот број на посеани површини и добрите временски услови.

Доколку се задржат поволните временски услови се проценува дека може да се очекуваат повисоки приноси на пченицата со повеќе од 3.000 килограми по хектар.
Годинава треба да се ожнеат скоро 80.000 или за 10.000 хектари повеќе од лани со што се очекува да се собере и род кој ќе тежи скоро 240.000 тони.
Потребите на Македонија од оваа се житна култура годишно се движат од 320.000 до 340.000 тони. Поголемиот дел се обезбедува од домашните производители, а другиот се увезува од регионот.
Според експертите, земјоделците на насеаните површини недоволно користат сертифициран семенски материјал со што се добиваат и пониски приноси за 30 до 40 проценти.
Методија Трајков
