Продолжува расправата за предлогот за импичмент на претседателот Иванов
Ова е трето продолжение на работата на Комисијата, која треба да изготви извештај за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на претседателот на државата е аргументиран. По поднесувањето на извештајот претседателот на Собранието треба да закаже седница на која ќе се расправа за предлогот.

Во Собранието денеска треба да продолжи да работи Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.
Ова е трето продолжение на работата на Комисијата, која треба да изготви извештај за тоа дали предлогот на опозицијата за импичмент на претседателот на државата е аргументиран. По поднесувањето на извештајот претседателот на Собранието треба да закаже седница на која ќе се расправа за предлогот.
Предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов го поднесоа пратениците од СДСМ и коалициските партнери, а е поддржан и од пратениците од ДУИ, врз основа на нивните ставови изнесени на комисијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека се против одлуката на Иванов за аболиција, но сметаат дека таа не е ниту незаконска ниту противуставна.
