Александра Јанева победник на Макфест 2016
Таа ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски –Бојс“...

Александра Јанева која ја изведе песната „За сто години“ е победник на 31-то издание на Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Таа ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски –Бојс“.
Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана. Таа ја освои и наградата за најдобар сценски настап. Третопласирана е младата Антонија Гиговска со песната „За нас“, a ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“..
Најслушана песна меѓу двата фестивала е „Срце да се отвори“ на Зуица Лазова и Јоце Панов, а Дамир Имери е добитник на признанието за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“.
Учесниците се натпреваруваа за трите главни награди. Најдобрата песна на фестивалот е наградена со 10.000 евра, за втората награда се предвидени 7.500 евра, а третонаградената песна доби 5.000 евра. Покрај главните награди, доделени беа и наградата за најдобар аранжман, сценски настап, чија вредност изнесува 1.000 евра.
